Деспотовски: Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија

 

Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Деспотовски нагласува дека годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип и ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година. Деталите за американската инвестиција, најавува, ќе бидат соопштени за десетина дена, и од менаџментот на компанијата и од Владата,

-И, секако, не застануваме тука. Како што спомнав и на претходното прашање, веќе година дена работиме на преговори со американско – тајванска компанија, каде во конкуренцијата се соседна Србија, но и НР Кина. Очекувам дека за еден – два месеца ќе имаме добри вести и ќе ја имаме следната најголема инвестиција во постоењето на ТИРЗ, овојпат над 200 милиони евра и близу 4 000 нови работни места, истакнува директорот.

Тој открива и дека има преговори за новата високотехнолошка зона Скопје 3.

Деспотовски дава оценка за изминатата 2022 година, се осврнува на кризата, платите во зоните, потребите од квалификуван кадар,…

06.01.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега