(ФОТО) Мицкоски: Владата за два дена плаќа 73 милиони авансно за увоз на струја, одговорност мора да има
Продолжува увозот на струја во новата година, пишува на социјалната мрежа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
“Херојската” влада на ДУИ/СДСМ за само 2 дена потроши нови речиси 73.000.000 денари за увоз на струја. Од првичното сценарио нема ништо, сѐ уште трансформаторот во Битола не е во функција, Осломеј не работи, а хидроцентралите се на најниско ниво.
Затоа пак авансните провизии продолжуваат. “Херојските” тендери во четири очи си врват“, се вели во објавата на Мицкоски на ФБ.
Одговорност ќе има. Доаѓа денот, пишува тој.
05.01.2023 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа