Првпат по 100 години, претседателот на Претставничкиот дом на САД не беше избран во првиот круг

 

Конгресмените во САД во првиот круг не успеаја да изберат претседател на Претставничкиот дом на Конгресот – нешто што се случува за првпат по 100 години во Домот.

Кревкото републиканско мнозинство го номинираше Кевин Мекарти за претседател, но не ги доби потребните 218 гласови, иако републиканците таму имаат 222 конгресмени. Некои поддржувачи на Доналд Трамп во редовите на републиканците не го поддржаа Мекарти.

Сега претстојат нови гласања додека не се избере претседател.

Беа поднесени вкупно три апликации. Покрај Мекарти, републиканците го номинираа и Ендрју Бигс. И демократите го номинираа Хаким Џефрис.

03.01.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега