Мексико: Во вооружен напад на затвор, најмалку 14 мртви, а некои затвореници побегнале
Најмалку 14 лица загинаа во вооружен напад на затвор во градот Сиудад Хуарез во северно Мексико. Десетици избегаа.
Државниот обвинител објави дека меѓу загинатите во затворот во Сиудад Хуарез има 10 чувари и четворица затвореници, додека 13 затвореници се повредени, а најмалку 24 избегале, пренесува Би-Би-Си
Засега не се знае кој го извршил нападот, а Би-Би-Си наведува дека постои сомневање дека напаѓачите припаѓаат на еден од нарко картелите.
Обвинителот рече дека првичните информации укажуваат дека напаѓачите со оклопни возила пристигнале во затворот околу 7 часот по локално време и отвориле оган. Ројтерс пак, јавува дека пред нападот на затворот бил пријавен и напад врз полицијата, при што биле уапсени четири лица.
Подоцна, во друг дел на градот, во вооружен напад загинаа уште двајца возачи. Обвинителот сепак не прецизираше дали овие три инциденти се поврзани.
Во Сиудад Хуарез, ривалските нарко картели се судираат со години, во кои илјадници луѓе загинаа во последните 10 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа