Велика Британија испрати нова помош за Украина

 

Велика Британија денеска објави дека и дала на Украина повеќе од 1.000 детектори за метал и 100 парчиња специјална опрема за отстранување бомби за расчистување на минските полиња, во најновиот пакет воена помош за Киев.

„Руската употреба на мини и таргетирање на цивилната инфраструктура ја покажува шокантната бруталност на инвазијата на Путин. Најновиот пакет британска помош ќе и помогне на Украина безбедно да ги исчисти земјиштето и зградите додека ја враќа својата територија“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесе Ројтерс.

Британското Министерство за одбрана додава дека детекторите за метал, произведени од германската компанија „Валон“, можат да и помогнат на армијата во расчистувањето на патиштата од експлозивни направи,пренесе ртв.рс

30.12.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега