Бесплатен паркинг за празниците во овој дел на Скопје

 

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

-Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со вообичаено работно време, соопштуваат од ЈП ПОЦ.

Од „Паркинзи“ информираат дека за време на божиќните празници на 06.01. (петок) и 07.01.2023 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, известуваат од ЈП ПОЦ.

30.12.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега