ЕСМ Продажба објави нов повик за снабдување со природен гас на топланите и на другите потрошувачи во државата

 

ЕСМ Продажба објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател Промгас – Макпетрол со кој досега имавме договор не достави понуда, нов повик е распишан од страна на ЕСМ Продажба.

Повикот ќе биде од отворен карактер, и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1.1-30.4.2023г.

23.12.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега