Големо поевтинување: Дизелот од полноќ паѓа под 80 денари за литар
Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар и ќе биде најевтин од почетокот на вијната во Украина. Последен пат, дизелот под 80 денари се продавал на 1 март.
Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за лита и ќе се продава за 77,5 денар, а Еуросупер БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се точи за 79,5 денари.
Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.
Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.
– Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, вели во изјава за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа