Приватните превозници ќе протестираат пред Град Скопје?

 

Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска четврти ден продолжуваат да блокираат неколку главни улици во Скопје.

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за медиумите информира дека во саботата ќе одржи состанок координативното тело на приватните превозници, на кој ќе очекува да одлучат за понатамошните мерки.

– Како што спомнав, бесот се повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбава – управата на Град Скопје. Не можам да кажам ништо пред време. Треба да е состане координативното тело на превозниците, но со оглед на тоа дека се повеќе се стеснува кругот, се повеќе аргументите излегуваат на виделина и се надевам дека фокусот ќе биде тука пред управата на Град Скопје. Фокусот на нашето незадоволство и аргументите што секој ден излегуваат на виделина ни даваат за право да го фокусираме нашиот бес и протест овде пред градската управа. Не е исклучена можноста воопшто, но тоа ќе мора да го договориме на координација штом мислам во сабота ќе ја одржиме, рече Муриќ.

Тој потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

Инаку, вчера директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека целосно се повлекува
предводувањето на протестот на приватните превозници во градот Скопје, за како што рече, да не се злоупотребува неговото име, а блокадите остануваат и понатаму. Во однос на новиот јавен повик од
страна на Град Скопје, тој рече дека никој од превозниците присутни на протестот кои досега ја извршуваа својата дејност нема намера да се пријави, доколку долгот не биде расчистен. 

08.12.2022 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега