Трагедија: Поранешниот фудбалер Јешиќ загина во ужасна сообраќајна несреќа

 

Во сообраќајна несреќа на патот Рума-Јарак загина Миодраг Јешиќ, поранешен фудбалер и тренер на ФК Партизан.

Познатиот поранешен фудбалер и тренер на ФК „Партизан“, кој денеска околу 10:30 часот загина на патот Рума – Јарак, бил возач на автомобил „цитроен“ кога од засега непознати причини се превртел во спротивната лента и директно удрил во камион со приколка, дознава „Блиц“.

Според информациите со кои располагаат српските медиуми, Јешиќ починал на лице место, додека возачот на товарниот камион се здобил со полесни повреди.

Јешиќ Миодраг од Белград имаше 64 години, а беше поранешен познат фудбалер и тренер на ФК Партизан и многу клубови од странство.

08.12.2022 - 13:17
Фото: 
RINGIER

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега