Приватните автобуски превозници до граѓаните: Извинете, ама помогнете ни

 

 Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот  повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

– Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на Слобода превоз.

Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.

– Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ.

05.12.2022 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега