Доживеал две несреќи за неколку минути - „Ланд Ровер“ и „Голф“ се искршија на патот Тетово - Гостивар
„Ланд Ровер“ и „Голф“ се искршија на патот Тетово - Гостивар во близина на клучката за Жеровјане.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17:10 часот, кога „Ланд Ровер“ со скопски регистерски таблички прегазил и усмртил куче-скитник. Додека возачот на Ланд Роверот, 39 годишниот Џ.М., се уште се “освестувал“ од несреќата, во неговиот џип се забил „Голф“ зад чиј волан бил стружанецот М.Ш.
За среќа, во несреќата немало повредени лица. Материјалната штета се проценува на над 250.000 денари.
Од полицијата велат дека е извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа