Уште една страшна несреќа во Македонија: Млада девојка прегазена на пешачки премин
Страшна несреќа ја потресе Македонија кога утрово околу 9 часот била прегазена девојка на пешачки премин во Штип.
Канал 77 јавува дека девојката чиј идентитет е непознат, била удрена од патничко возило додека поминувала на пешачки премин кај Дујлето во Штип. Таа со повреди е пренесена во Клиничката болница во Штип.
Како што пренесува порталот Канал 77, случајни минувачи притрчале да и помогнат на девојката и повикале Брза помош. Возачот е на местото на настанот.
Полицијата врши увид.
Ова е само уште една несреќа на пешачки премин во Македонија периодов, а за жал, во Скопје несреќата со младата Фросина КУлакова од Неготино заврши фатално. Таа беше прегазена и усмртена на пешачкиот премин кај Силбо од 20-годишниот Васил Јованов кој автомобилот го управувал без возачка дозвола во алкохолизирана состојба и поминал на црвено светло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа