Делови од Делчево без вода поради дефект
Поради дефект на главната водоводна линија, делчевската населба Милково Брдо е без вода за пиење. Од Јавното комунално претријатие информираат дека нивни екипи работат на негово отстранување.
-Вечерва имаме дефект на водоводната мрежа во Делчево настанат поради пукање на цевка Ф-200. Од таа причина доводот на вода е запрен заради негово брзо отстранување, информираа од претпријатието.
Поради дефектот делови од булеварот Македонија се под вода, а во моментот како што додадоа од претпријатието без вода за пиење се жители од повисоките делови од Милково Брдо, но и дел од жителите од пониските делови на оваа населба кои се наоѓаат над зградата на ЈКП „Брегалница“.
-Бидејки се работи на отстранување на дефектот се очекува во текот на вечерта водоснабдувањето да биде нормализирано, додадоа од ЈКП „Брегалница“.
Апелираа на стрпливост до граѓаните и порачаа водата за пиење во останатите населби да се користи рационално до отстранување на дефектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа