Осмоодделенец фатен како продава дрога во училиште

 

Полицијата во Нови Сад пронашла дрога осмоодделенец, кој се подготвувал истата да ја продаде. Според податоците од српските медиуми, полицијата дошла до сознанија дека дрога се продава и во училиштата, па го истражила случајот и го затекнала детето со дрога.

Осмоодделенецот во себе чувал 29 ќесички со марихуана, која била прецизно одделена и спакувана.

Момчето не било приведено, зашто е помладо од 14 години и не  може да одговара кривично.

05.12.2013 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега