ФОТО: Стојанче Ангелов излезе на увид на опасен мост
Стојанче Ангелов денеска беше на увид на опасен мост кај Визбегово, скопско, а може да се забележи дека парчиња бетон висат и претставуваат опасност за луѓето и возилата кои се движат по него, но и под него.
„Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112“, вели Ангелов.
Бидејки, за нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. „Сејфти фрст!“, порача тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа