Бектеши: Очекувам намалување на цените на млечните производи веднаш
Министерот за економија, Крешник Бектеши во вечерното интервју за 360 степени изјави дека веднаш очекувал намалување на цените на млекото и млечните производи.
„Во делот на млекото и млечните производи очекувам да има намалување на цените веднаш, особено сега, со новиот Закон за заштита на потрошувачите. Веќе побарав од секторот за трговија да извадат податоци за цените на стоки кои се увезени, затоа што летово донесовме одлуки со кои ги укинавме сите давачки на одредени млечните производи, вклучувакќи го и суровото млеко кое треба да се преработува во државава. Во моментот кога ќе стапи на сила одлуката, од 1 декември, треба да има дополнително намалување во делот на млектото и млечните производи. Мислам дека во оваа сфера има големи маржи што е спротивно на одлуките на Владата… Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе има насоки да влезе, да направи соодветни контроли, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Овој закон вчера помина во Собранието и ДПИ веднаш ќе почне да постапува при што ќе има и соодветни санкции“, изјави Бектеши во „360 степени“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа