Почина писателката Вера Бужаровска
По кратко боледување вчера во Скопје почина писателката и публицист Вера Бужаровска која е родена во Битола во 1931 година.
Писателската кариера ја почнала во 1962 година со објавувањето на детската книшка „Стоп“ наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Следуваат над четириесетина прозни и поетски остварувања, во кои доминираат повести и во чиј центар е жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување. Во овој творечки опус посебно се издвојува романот „Акчилница“, моќна автобиографска слика за детството на авторката и градот Битола во премрежјето на предвоените и воените четириесетти години од минатиот век.
Во последните две децении авторката обработува провокативни теми од македонското секојдневие поврзани со политичкиот живот и криминалот, кои и носат популарност, кај најшироката читачка публика („Трите жени на Усеин“, „Затвор за жени“, „Авторот е обвинет за убиство“, ТАТ, „Креветот на проституката“, „Братот на министерот“, „Го открив атентаторот“ и др.).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа