Маскирано лице нападнало советник во Општина Карпош

 

Општина Карпош преку соопштение откри дека утрово е нападнат советникот во Општина Карпош Александар Илиески од непознато маскирано лице.

„Нападот се случил во 7.40 часот пред трговскиот центар Антико во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал. Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

 

Сите овие закани веќе се пријавени во МВР, а Илиески веднаш по инцидентот бил во полициска станица Карпош каде што даваше изјава за физичкиот напад.

01.11.2022 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега