Кривична пријава за поранешниот директор на “Охридски комуналец“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот охриѓанец С.А. кој ја злоупотребил службената положба, како и како и против правното лице “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга и одговорното лице во истото Д.А.
Според податоците од полицијата, С.А. кој бил директор на “Охридски комуналец“ во периодот од ноември до декември 2010 година противправно ја ангажирал фирмата “Кемпласт – ПВЦ“ ДООЕЛ да изврши работи и да вгради материјали при реновирање на објектите на ЈП “Градски гробишта“ од Охрид, во вкупна вредност од 851.325 денари и за истата цел наместо плаќач да биде ЈП “Градски гробишта“, сумата ја платило ЈП “Охридски комуналец“.
Подоцна, откако струшката фирма завршила со изведување на работите и вградување на материјалите, тој фиктивно побарал спроведување на три тендерски постапки без објавување на оглас – бр. 38/2010 од 15.11. 2010 за набавка и вградување на пвц столарија; постапка за јавна набавка бр.39/2010 за набавка и вградување на врати и ламинат; и постапка за набавување на канцелариски мебел бр.40/2010. Формираната тендерска комисија од страна на самиот С.А. потоа формално ги спровела постапките за веќе завршени работи. На тој начин на С.А. и овозможил на фирмата “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга противправно да се стекне со корист во вкупен износ од 851.325 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа