Времен сообраќаен режим во недела на дел од бул. „Александар Македонски“

 

ЈП Улици и патишта Скопје и Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје соопштија дека на 30 октомври (недела) ќе биде воведен времен сообраќаен режим поради извршување на активности за поставување на нов пешачки портален семафорски столб, на дел од бул. „Александар Македонски“ во населба Автокоманда, во близина на бензинска пумпа Макпетрол.

Времено изменетиот сообраќаен режим ќе биде означен со соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе важи за временски период од 7:30 часот до 10 часот наутро и тоа за насока на движење од Велес кон влез во Скопје, со пренасочување на сообраќајот кон клучка Сингелиќ и од 10 часот до завршување на активностите, во правец на движење од излезот на градот по улицата „Благоја Стефковски“ преку клучката Сингелиќ.

Од ЦУКС на Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. 

28.10.2022 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега