Во тек е санација на оштетениот плочник на улица Македонија
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица Македонија.
Како што информираат од ЈП Улица и патишта, активностите кои што тиe ги изведуваат при санирањето на оштетените плочи се на потегот од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев. По целиот овој потег на улицата Македонија се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање подредување на плочите.
Исто така вчера екипите го санирале просторот околу споменикот на „Цар Самоил“ и денес продолжуваат на санација на останатата оштетена површина од улицата, со цел безбедно движење на пешаците во центарот на градот.
28.10.2022 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа