Грција: Полицијата со солзавец го растури штрајкот на училишните чувари

 

Полицијата во Грција  денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите  во Атина, кои се обиделе да упаднат во зградата на Министерството за административна реформа и е-влада.

Како што јави ИТАР-ТАСС, при инцидентот двајца демонстранти паднале во бесознание и им била укажана медицинска помош.

Полиција привела деветмина учесници во протестот на чуварите во локалните училишта.

Во септември сличен обид за упад во Министерството имаа и грчките учители.

Чуварите на средните училишта во Грција беа вклучени во т.н. шема за работна резерва, со најава дека би можеле да бидат избркани од работа при реформата во државниот сектор, за чие спроведување е одговарно Министерството за административна реформа и е-влада.

Со планот се предвидува укинување на работните места на чуварите со цел да се заштедат средства, а на училиштата им се дозволува склучување договори за обезбедување со приватни фирми.

03.12.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега