Ограбена куќата на пејачот Зоран Ванев - еве што земал крадецот
Крадците дефинитивно не запираат. Овојпат е ограбена куќата на пејачот Зоран Ванев, од каде се одземени разни девизи, евра, долари и франци, како и 100.000 денари.
Според податоците од полицијата, кражбата се случила о периодот од 23 ноември до 2 декември додека пејачот бил во странство. Крадецот од куќата лоцирана на улицата Асном во Штип пронашол сеф од кој одзел 100.000 денари.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
03.12.2013 - 10:26
Фото:
штипинг.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа