Во Македонија за три месеци дадени 20 000 упати за шизофренија и депресија
Според евиденциите на "Мој термин", во последните три месеци во земјава се дадени 20.000 упати за шизофренија и депресија во Македонија. Според податоците до кои дојде здравство24.мк, растројствата се на врвот од болестите за кои пациентите побарале лекарска помош во Македонија.
Според порталот, за депресија биле издадени 5287 упати, додека за шизофренија се издадени 5221. Исто така, за мешано анксиозно и депресивно растројство се издадени повеќе од 6 000 упати, а на врвот на листата се хипертензиите со 55 525 упати. 22 454 биле пропишани за хиперплазија на простата. За тип 2 дијабетес за три месеци биле пропишани 18 709 упати. На спондилоза се пожалие 12 045 пациенти кои добиле упат за специјалист. Со акутен бронхитис упат добиле 7882 пациенти.
Според податоците, најмногу болни имало од општина Центар 39 394, додека на второ место е Тетово со 29 114 пациенти, а трет на листата е Куманово.Во Битола 26 809 пациенти побарале лекарска помош изминатите 100 дена, во Росоман 63, Карбинци 17...Постои точна евиденција во која општина колку е реализирано, колку пациенти ги искористиле упатите и на која возраст се, пренесе здравство24.мк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа