Стота кривична пријава за скопски џепчија

 

Скопјанецот Ј.И. викан „Џуџе“ си заработи кривична пријава бидејќи е сторител на 315 кривични дела, а досега му се изречени и 36 затворски казни.

40-годишниот скопјанец на 24-ти минатиот месец околу 19 часот и 30 минути на улицата „Вељко Влаховиќ“ на автобуската постојка „Рекорд“, ја искористил гужвата во автобус на ЈСП со број 50 и од чантата на скопјанката П.Ф. одзел паричник во кој имало лична карта, карта за патување со брод, извод од банкомат, околу 1.500 денари и други лични предмети.

Тој досега е познат како сторител на сто кривични дела меѓу кои кражби, насилство, трговија со дрога...

02.12.2013 - 13:53
Фото: 
Дневник.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега