Утре конечно ќе се дознае што се случило со парите за малата Тијана

 

Утре конечно ќе се знае што Небојша и Јелена Огњатовиќ, родителите на малата Тијана која го зави Балканот во црно откако почина во болницата во Хјустон, направиле со парите кои ги имаа на сметката за своето болно дете.

Судот нареди банката да ги досатви сите три сметки, па утре ќе се знае кој кого измамил.

Претходно, таткото на Тијана велеше дека ако каже се што знае ќе падне Владата, а од друга страна, извршниот директор за маркетинг на Комерцијалната банка во Србија за време на рочиштето изјавил дека сметката не ни постои. Тој вели дека се работи за обична тековна сметка, која може, но и не мора да биде отворена со некоја цел. Во тој случај, родителите на Тијана со парите можеле да прават што сакаат. 

02.12.2013 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега