(ВИДЕО) Три лица загинаа во силно невреме во Корзика
Три лица, од кои едно дете, загинаа, а најмалку 12 се повредени кога денеска силно невреме го погоди францускиот остров Корзика, оставајќи 45.000 домаќинства без струја, соопштија денеска локалните власти.
Град, силен дожд и ветрови со брзина од над 220 километри на час ја погодија Корзика, додека другите делови на Франција, погодени од серија топлотни бранови и силна суша, забележаа повеќе дождови во последните неколку часа отколку во изминатите неколку месеци. , пренесува Ројтерс.
На Корзика загина 13-годишно девојче кога врз неа падна дрво во камп, како и 72-годишна жена во нејзиниот автомобил кога врз неа се урна покрив од колиба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа