Радост за старите лица - ќе се гради нов Регионален дом

Министерството за труд и социјална политика во насока на привлекување на инвестиции во областа на социјалната заштита , денеска објави оглас за продажба на недвижна ствар со јавно наддавање во сопственост на Република Македонија, наменет за стари лица.

Објектот кој е предмет на продажба со јавно наддавање се наоѓа во Катастарска Општина Пехчево, запишана со Имотен лист бр. 2793.  Објектот се наоѓа на КП. 1132 на ул. ”Индустриска 2”, зграда 1, влез 1, ПР. со површина од 293 м2 и СУ. со површина од 142 м2. 

Продажбата ќе се изврши по пат  на јавно наддавање со почетна цена  од 2.024.224,16  денари. Заинтересираните правни и физички лица потребно е висината на паричниот депозит што ќе ја уплатат за учество на јавното отворање да не биде помала од  20% од вредноста на недвижната ствар предмет на јавното наддавање, и истата се уплаќа на  Депозитна сметка број 150010029969613, програма 10, приходно конто 731112 . Цел на дознаката Јавно наддавање за детско одморалиште реден број  2.1.  Депозитот треба да се уплати најдоцна три дена пред рокот предвиден за јавното наддавање.

Начинот на плаќање на купопродажната цена е во готово, во рок од 30 дена од денот на склучување на договорот за купопродажба.

Јавното наддавање ќе се одржи во  Министерството за труд и социјална политика на ден 16.12.2013 година со почеток во 11.00 часот.

Повеќе информации на веб страница на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk.

30.11.2013 - 13:38
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега