Шилегов: Изборот на асфалт за патеки во Градскиот парк е тотално незнаење и лош вкус
Поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, реагира на асфалтирањето на патеките во Градскиот парк од страна на градоначалничката Данела Арсовска.
„Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20 век), постојат (постоеја, сега веќе не) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години.
До денес???? Денес дојдоа новите ветришта…
П. С. Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус!!!“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Инаку, на социјалните мрежи голем број граѓани реагираа на употребата на асфалт во Градскиот парк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа