Во тек е санирање на плочникот кај споменикот Гоце Делчев во Градскиот парк

 

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, во текот на изминативе неколку дена вршат санација на плочникот кај споменикот Гоце Делчев и на платото пред фонтаната во Градскиот парк.

Санирањето, како што информираат од јавното претпријатие, опфаќа замена на оштетените плочи околу постаментот на споменикот, санација на скалите, а во тек е и замена на оштетените плочи околу фонтаната „Лотосов Цвет”, како и целосно средување на оштетените делови од плочникот.

Од ЈП „Улици и патишта“ најавуваат дека активностите за санација на плочникот во овој дел од Градскиот парк продолжуваат и во наредниве денови.

20.07.2022 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега