Фрлени 65 тони сол на критичните точки низ Скопје
Екипите на зимската служба на Град СКопје, во текот на минатата ноќ на улиците фрлија 65 тони индустриска сол.
Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара...
Инаку, Град Скопје и понатаму будно ќе ја следи состојбата на патиштата, и им препорачува на возачите да внимаваат при возењето, поради влажните коловози и можните подмрзнувања на патот.
Градот Скопје претстојнава зима снежните наноси од градските улици ќе ги расчистува со вкупно 24 возила.
27.11.2013 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа