Падна одлука: ЈСП Скопје ги прифати барањата - ќе има поголеми плати

 

ЈСП Скопје ги прифати барањата на Независниот синдикат во ЈСП Скопје. Ова значи дека ќе има линеарно покачување на платите за 2.800 денари.

Оттаму претходно најавениот протест на работниците го коментираат како политички мотивиран и тотално неприфатлив, и за да се спречи истиот овозможиле линеарно зголемување на платите. 

„Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз.

Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари“, се наведува во соопштението на ЈСП Скопје.

„Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто“, се додава во нивното соопштение.

09.06.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега