Удри новинарка по задник, а потоа имитираше јавање коњ: Се чувствував засрамено (ВИДЕО)

 

Познатата британска реалити ѕвезда, Ејми Кристоферс, која во меѓувреме станала спортска новинарка, доживеала големо понижување додека известувала за трката со коњи.

Таа се вклучила во програма во живо од трката во Беверли, ги интервјуирала дел од присутните, а еден од мажите во тој момент се свртел кон камерата, ја испружил раката, па ја удрил по задникот.

Таа видеото од тој немил настан го споделила на социјалните мрежи со молба ликот на тој човек да се прошири на сите можни социјални мрежи.

„Се чувствував засрамено и деградирано. Откако камерите се изгасија, се свртев и го прашав дали мисли дека тоа што го направи е во ред. Јас навистина не очекувам да одам на работа и тотални странци да ме удираат по задникот“, порачала новинарката.

05.06.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега