Двејн Џонсон: Восочниот задник на Клои Кардашјан е неверојатен
Двејн Џонсон и Клои Кардашјан сега се соседи во музејот на восочните фигури „Мадам Тисо“ во Лас ВегасВо видео објавено на „Тик-ток“ пред два дена актерот застана во барот „Теремана“ како дел од музејот за да наздрави за својата нова восочна фигура. Потоа им го покажа на своите фанови, а реши да покаже и нешто друго.
„Треба да ве запознаам со мојот сосед“, рече актерот од Red Notice свртувајќи ја камерата кон фигурата на Клои, облечена во боди од тантела и избледени фармерки.
„Погледнете го ова, луѓе. Изгледаме кул заедно, нели?“, рече тој и ја подигна веѓата во својот препознатлив стил.
Набргу се пожали дека на неговата фигура ѝ недостига материјал во пределот на задникот, па побарал од вработените во музејот „да му дадат уште малку глутеус“.
„Дајте ми глутеус како нејзиниот“, им рекол.
Видеото го видела и Клои Кардашјан и, како што открила, плачела од смеа. Изгледа дека сум во одлично друштво. Нè наместија“, напиша таа на „Инстаграм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа