Водовод и канализација: Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во кој се обработени 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мернo местo во град Скопје, земени во период од 18-23 април.
Извештајот покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа