Во тек е обдукција на телото на починатиот ракометар Денис Тот

 

Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков вели дека наодите од обдукцијата на младиот ракометар Денис Тот ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

„Обдукцијата е во тек, сите информации ќе бидат пренесени до надлежниот Обвиинтел“, кажа Станков.

Братот на Денис, Борис Тот претходно преку социјалните мрежи напиша дека ракометарот починал од срцев удар, а не од физичко насилство како што се шпекулираше по медиумите.

Прво се шпекулираше дека бил истепан од повеќе лица, по што се појави верзија дека бил тепан од момче и девојка, а на крајот од Брзата помош соопштија дека не биле забележани траги на насилство.

09.04.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега