Русија ја повлече жалбата против ФИФА
Руската фудбалска федерација (РФС) ја повлече жалбата на одлуката на ФИФА за забрана на настап на националните тимови во меѓународните натпреварувања.
Како што денеска објави Судот за спортска арбитража со седиште во Лозана, РФС, со повлекувањето на жалбата, го прифати исклучувањето од Светското првенство 2022 во Катар.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на крајот од февруари ја суспендираше Русија поради инвазијата врз Украина, што значеше и исклучување на Зборнаја од дополнителните мундијалски квалификации.
РФС ја повлече жалба против ФИФА, но Русија ја продолжува својата постапка против Европската фудбалска федерација (УЕФА) и сè уште се надева на настап на својата женска сениорска репрезентација на Европското првенство, кое ова лето ќе се одржи во Англија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа