ФОТО+ВИДЕО: Морбиден призор во центарот на Охрид - отворен ковчег стои на паркингот зад киното
Ковчег за мртовци, во кој имало нешто кое наликувало на човечка силуета завиткана во најлони и облечена во црна сукња попладнево бил фрлен до контејнерите за отпад во строгиот центар на Охрид, до паркингот зад Домот на култура, пишува Охрид1.
Според порталот, ковчегот го забележале станарите од околните згради и се јавиле во нивната редакција. Од ЈП Комуналец за Охрид 1 изјавиле дека доколку навистина има исфрлен ковчег ви центарот на градот, за тоа мора да се информира полицијата.
21.11.2013 - 15:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа