Судот во БиХ пресече - Јашаревиќ доби 15 години затвор за нападот врз американската амбасада во Сараево

 

Судот во БиХ изрече пресуда од 15 години затвор за Мевлид Јашаревиќ, прогласувајќи го за виновен за  делото тероризам извршено со напад врз американската Амбасада во Сараево во 2011 година.

Јашаревиќ тогаш врз Амбасадата испука околу стотина куршуми ранувајќи потешко двајца полицајци.

Како што јавуваат босансите медиуми, максималната казна за таков вид казнено дело во БиХ е 20 години. Судот пресуди пет години помалку имајќи предвид што Јашаревиќ искрено се покајал за извршениот напад. Пресудата е правосилна и ниту една страна не може да се жали.

20.11.2013 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега