МВР интензивно трага по крадците на вредните артефакти од Музејот на Македонија
МВР го добило последниот список со предмети за кои во Музејот на Македонија тврдат дека недостигаат во нивната колекција и ги интензивира мерките во соработка со обвинителството и врз основа на заедничка проценка се продолжува со дејствијата. За ова денеска информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
- Главниот проблем е што се соочивме со прилично лоша состојба од организациски аспект, но и од менаџерски аспект, која довела до ситуација да не постои прецизна евиденција ниту на она што го поседуваат, ниту на она што недсотасува. Работата на овој предмет беше исклучително тешка и се уште е, меѓутоа мобилизирани се сите наши капацитети во насока на откривање што точно таму се случило и поднесување соодветни пријави за лицата за кои ќе се констатира оти се на кој било начин инволвирани во случајот, изјави Јанкулоска по посетата на новите кандидати кои се тестираат за проверка на моторички способности, како дел од тестирањата за прием на нови полициски службеници, во скопската касарна „Ѓорче Петров“.
Инаку, МВР вчера обелодени во јавноста дека недостасуваат вкупно 166 артефакти од депото на Музејот на Македонија.
Полицијата се сомнева дека станува збор за некој вработен во музејот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа