Младо момче загина во сообраќајка во Кичево - пијаниот возач удрил во бетонска ограда

 

Младо момче од Кичево го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа која се случила во кичевското село Поповјани. Според податоците од полицијата,  24-годишниот Ј.Д. управувајќи со автомобил марка Застава, утрово околу 3 часот по полноќ, движејќи се по патот Скопје-Кичево, загубил контрола и излетал од коловозот, удрил во бетонска ограда од мост, при што патничкото возило се превртело на кров.

Во автомобилот заедно со возачот бил и 19-годишниот Агрон С. кој за жал веднаш им подлегнал на повредите.

Ј.Д. во момнтот на несреќата имал 1,01 промили алкохол во крвта.

Полицијата врши увид.

20.11.2013 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега