Апсење: Полицијата ги пронајде насилниците од инцидентите во автобусите на ЈСП

 

Учениците  кои минатата недела настрадаа  во 7ца и 33ка, биле претепани од нивни врсници.  Вкупно 13 малолетници  ги предизвикале двата инциденти.   Откако очевидци  ги препознале напаѓачите,  МВР ги приведе .  Двајца од нив учествувале во двете тепачки .

Инцидентот во 65ка кај скопско Стајковци , во кој настрадаа  шест  деца, се уште не е расчистен. Полицијата ги бара напаѓачите.

За само 9 месеци  имало 109 инциденти и во нив учествувале 150 малолетници. За да се спречи оваа појава, МВР ,  почна соработка со невладиниот сектор. Во секое училиште ќе биде назначен инспектор за превенција. Но, надлежните апелираат,  прво родителите да ги превоспитаат нивните деца и да им посветат  доволно внимание.

19.11.2013 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега