Фудбалер одглуми дека е повреден, а неговиот соиграч не го ни допре (ВИДЕО)

 

Египетскиот репрезентативец на Астон вила со прекар Трезеге го имаше убедливо најзасрамувачкиот обид за „глумење“ овој викенд во Премиерлигата во финишот на 2:1 поразот од Брентфорд, а дел од навивачите сметаат дека мора да биде казнет за вакво однесување.

Во финишот на мечот, кога Вила се обидуваше да дојде до гол и поен, 27-годишниот Трезеге се обидуваше да го помине Иранецот Сама Годос, по што откако го фати за дресот се фрли театрално наназад и го покри лицето. Можеби од срам.

 

02.01.2022 - 23:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега