Скопје: Среде бел ден на улица и украл чанта полна со пари

 

Во Скопје на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во текот на вчерашниот ден засега непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот се приближил на 59-годишната О.Е. од Скопје насилно и ја земал чантата во која имала 168.965 денари од дневен промет, 3.300 денари, разни документи, картици на различни банки, клучеви и мобилен телефон. Така, сторителот се стекнал со 182.000 денари. 

Полицијата трага по сторителот.

19.11.2013 - 12:08
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега