Скопје: Градежен работник паднал од осум метри височина

 

Градежен работник завршил со тешки повреди додека работел на објект во Скопје. Според податоците од полицијата, се работи за 59-годишниот С.Р. од кумановското село Љубодраг кој е вработен во фирмата Бетон. До страотната несреќа дошло кога работникот паднал од височина од околу осум метри додека работел на објект, во текот на вчерашниот ден околу 13 часот и 30 минути.

Градежникот веднаш бил пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде е задржан на лекување.

Кумановчанецот се здобил со скршеница на ногата.

19.11.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега