Запленети 700 килограми марихуана во Албанија
Aлбанската полиција заплени 700 килограми марихуана во месноста „Ѓири и Арушес“ во областа Карабурун кај Валона.
Дрогата била спакувана во 25 торби скриени во моторен чамец долг седум метри, кој според полицијата. пристигнал од Грција.
Речиси на истото место завчера полицијата заплени 841 додека претходно, исто така, во реонот на Валона и 200 килограми марихуана. И двете пратки требало да заминат за Италија.
Само во последните неколку дена во повеќе случаи албанската полиција заплени околу два тона марихуна наменети за италијанскиот и грчкиот пазар.
Камионот бил натоварен од селото Лазарат и веднаш по излегувањето од селото бил следен од полицијата. Дрогата била скриена меѓу канти со маслинки.
Во саботата и неделата, за неполни дваесет и четири часа грчката и италијанската полиција запленија 2,4 тони албанска марихуна - грчката полиција 1,4 тони, а италијанската тон марихуана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа