Конференција „ИПА фондови за Роми“ и „8.Ромски економски форум“

 

Конференција „ИПА фондови за Роми“ и „8.Ромски економски форум“ ќе се одржи денеска во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, општина Шуто Оризари и Ромскиот деловен информативен центар.

Целта на конференцијата е да се зголеми социо-економската вклученост на Ромите во државата. Дебатата ќе биде одлична можност за разгледување на користа од ИПА фондовите и можностите за генерирање на средства од Ромите.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

 

19.11.2013 - 08:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега