Зградите во Карпош во ново руво
Започна денеска реновирањето на старата фасада од зградата на булеварот „Партизанси одреди“ бр. 56, меѓу хотелот „Карпош“ и сината кула.
- Продолжуваме со финансирање на реконструктивните зафати на старите фасади, кои се дел од проектот за енергетска ефикасност. Опфатени се колективните станбени објекти во Карпош. Старата дотраена фасада ќе добие нов лик, во должина од 4.500 метри квадратни, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
За реконструкицијата на фасадата локалната самоуправа обезбеди 9,3 милиони денари. За разлика од другите фасади, оваа термо-изолациска фасада ќе биде со дебелина од 10 сантиметри.
Градоначалникот на Карпош додаде дека граѓаните ги замениле старите со нови ПВЦ-прозорци со термопан стакла, по пат на кредитирање, преку здружението за хумано домување „Хабитат-Македонија“.
Според договорот, инвеститорот „Аполо инженеринг“ треба да ги реализира градежните работи во рок од 50 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа