Прилепчанец украл месо алишта и креми - ги заборавил бегајќи
Во полициската станица во Прилеп утрово 81-годишната Ц.К. пријавила дека додека спиела во дневната соба околу 1 часот по полноќ, засега непознат сторител влегол во нејзината куќа и извршил тешка кражба.
Крадецот влегол преку дворот во визбата, одзел мала секира со која го отворил прозорско стакло од помошната просторија, па преку прозорецот влегол во куќата и откако ја пребарал, одзел месо од фрижидерот, алишта и кремови кои ги ставил во платнена торба истата ја однел и ја оставил во дворот. Потоа, крадецот се вратил назад, но бил забележан од Ц.К. при што со закана по нејзиниот живот побарал пари, а откако пријавената му дала 7.100 денари, тој избегал во непознат правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа